Во пресрет на започнувањето на реализацијата на младинските програми, а како финализирање на кампањата за прибирање на средства за реализација на програмските активности од локалните компании, Младински Совет Охрид организира донаторски коктел на кој ќе биде промовиран ,“КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ“.
На коктелот ќе присуствуваат претставници на компании кои донираа средства или материјани добра за реализација на програмите, претставници на компании на кои им е извршена презентација на програмите, претставници на Локалната самоуправа, на образовните институции, невладини организации, фондации и други гости.
Коктелот ќе се одржи во хотел Тино, на 28 февруари, со почеток во 19 часот.
Донаторски коктел за промоција на КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ !
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com