Анонимен донатор оставил речиси 200 илјади долари во канта за ѓубре пред една од канцелариите на данскиот Црвен Крст. Парите биле пронајдени во кантата под голем број парчиња подарена облека. Покрај парите била пронајдена порака на која пишувало „До данскиот црвен крст од анонимен. Собирањето траеше 40 години“.


Вработените во хуманитарната организација јавно се заблагодариле, но полицијата го повикала донаторот да се јави како би потврдил дека парите немаат некое криминално потекло. Бриџит Дам, секретар на црвениот крст во градот Торнвед, изјавила дека не се случува секој ден да добијат толку пари меѓу облеката. Таа рекла дека парите биле уредно сложени во десет коверти заштитени со гумена обвивка.