Поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп,  победи во клучните две држави на 60-те избори за претседател на САД и е на чекор до враќање во Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.

Трамп победи во Северна Каролина и Џорџија кои традиционално се неутрални.

Според проекциите на Фокс њуз Трамп сигурно се враќа во Белата куќа, додека Си Ен Ен пресмета дека Трамп засега има 246 електорски гласа, а Камала Харис 187 и дека претседателската трка не е завршена.

Клучно ќе биде пребројувањето на гласовите во Пенсилванија без која Харис не може да се надева на победа. Но, Фокс њуз предвидува победа на Трамп и во оваа сојузна држава.

За избор на еден од кандидатите потребни се 270 електорски гласови.

Г..М