Фирмата Trump Entertainment Resorts Inc. која ја основаше милијардерот Доналд Трамп пропадна поради рецесијата, долговите кои се натрупуваа и намалениот број на коцкари кои ги посетуваат нивните коцкарници и хотели.
Само еден ден откако Трамп даде оставка како прв човек во фирмата, Управата прогласи банкрот на Trump Entertainment Resorts Inc. под кој спаѓаат девет подружници на казина и хотели во Атлантик Сити и Њу Џерси, меѓу кои и познатиот Таџ Махал.
„Банкротот нема да предизвика промени во нашите дневни активности, ниту пак очекуваме да дојде до промена на нашата оперативна структура и филозофија“ изјави извршниот директор на фирмата Марк Џулијано. Имено, иако објавија банкрот , сепак не побараа со фирмата да управува стечаен управник бидејќи сметаат дека можат нормално да управуваат со фирмата.
Трамп 2008 година ја завршил со 2,1 милијарда долари приходи и 1,74 милијарди долари долгови, се наведува во документацијата за банкрот.