Доналд Питерс купил две ливчиња за лото, а подоцна истиот ден умрел, не знаејќи дека во последните часа од својот живот финансиски го осигурал своето семејство.
Питерс (79) и неговата сопруга Шарлот, дваесет години играле на лото, па на 1 ноември купил две ливчиња, а подоцна истиот ден починал од срцев удар.
Неговата ожалостена домаќинка во петокот дознала дека освоила 10 милиони долари. Таа најпрво заборавила на ливчињата и неодамна дознала дека се добитни.
„Бев надвор од себе“, рекла Шарлот во седиштето на лотаријата во Рок Хил.
„Бев на продавница и ги проверив ливчињата, и тогаш дознав дека се добитни“, изјавила. “Немав ни поим колку пари имам освоено“.