211 cм високиот американец Доналд Литл, од синоќа се приклучи на подготовките на охридскиот АМАК СП. Литл ќе ја пополни празнината во рекетот , по заминувањето на неговиот сонародник Вилјам О` Нил .

По ангажирањето на Литл, охригани се вртат кон уште еден странец, а тоа е Агоч кој минатата полусезона помина во дресот на МЗТ.

–    По барање на Лазовски стапивме во контакт и со Агоч, но тој во моментов е во Либан во потрага по ангажман. Во колку не се договори таму, нашите порти за него се отворени – вели потпреседателот на клубот Христијан Шапкар.

Од ангажманот на Агоч, зависи и тоа дали во тимот ќе останат српските интернационалци Периќ и Чубрлио кои се на проба во Охрид.

Тренерот Марјан Лазовски, кој e помошник на селекторот Арсиќ, по мечот на А селекцијата против Порутгалија, ќе пристигне во Охрид.

Во периодот од 22-24 Септември, АМАК СП ќе учествува на меморијалниот турнир во Кавадарци. Покрај домаќинот Фени Индустри на трунирот ќе учетвуваат и Слога Краљево, како и бугарскиот Рилски Спортист.

M.Постоловски