Кошаркарот на Фени индустри, Доналд Кол е најкорисниот играч МВП во изминатото коло од Првата кошаркарска лига
Американецот беше незапирлив во победата на неговиот тим над Вардар од 97-78, остварувајќи учинок од 32 поени, осум скока и по две блокади и украдени топки со индекс на корисност од 32.
На второто место се најде центарот на Вардар, Кире Николовски со 26 индексни поени, додека третопласиран е бекот на Кавадарчани, Горан Самарџиев со 24 индексни поени.
Најдобар стрелец во 17 коло е Доналд Кол со 32 коша, а зад него се наоѓаат Војдан Стојановски (Амак СП) со 25 и Самарџиев со 21 поен.
Прв скокач на колото е Кире Николовски со 13 скока, а Самарџиев е најдобар разигрувач со 11 асистенции.