Ротари клубот од Охрид, деновиве, донираше потребна опрема за модуларната болница при Општата болница во Охрид, која веќе една година се бори со коронавирусот Ковид19.
Клубот обезбеди 45 гумирани подлоги за душек чаршафи, стотина постелнини и чаршафи и 60 ќебиња.
Во моменти кога се соочуваме со нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани, Ротари Охрид дава директна поддршка на новата модуларна ковид болница во градот. Се надеваме дека оваа донација ќе претставува поттик и за други организации, фирми и граѓани да се приклучат во борбата против Ковид 19. – велат од Ротари клубот Охрид.
OhridNews