Денеска на граничниот премин Деве Баир државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ прими дел од донацијата која Министерството за одбрана на Република Бугарија ја донира на нашата земја преку Министерство за одбрана.

​Донацијата ја предаде Илија Налбантов, шеф на политичкиот кабинет на бугарскиот министерот за одбрана, Красимир Каракакачанов.

На самото примопредавање, државниот секретар Николиќ упати благодарност до Министерството за одбрана на Република Бугарија и додаде дека на дело се покажуваат добрососедските односи особено во овие тешки моменти. Тој додаде дека секоја поддршка во овие моменти е мошне значајна во оваа битка со COVID-19 вирусот и дека секоја помош нашите граѓани ќе ја паметат, соопшти владината прес служба.

Налбантов рече дека донацијата од Република Бугарија е во насока да се поддржат напорите на нашите здравствени работници за спречување и контрола на ширењето на вирусот COVID-19.

Ова е првиот дел од донацијата и истата содржи 100 заштитни медицински одела и заштитни маски за повеќекратна употреба, соопшти Владата.

OhridNews
Фото: Влада на РСМ