Гете Институт- Скопје на ОУ „Григор Прличев“ му додели вредна донација – куфер со 10 iPAd-и, кои имаат различни апликации за поинтересно и покреативно изучување на германскиот јазик. А во најава е и една интерактивна табла, која ќе можат да ја користат учениците во наставата во германски јазик, истакна Билјана Атанасовска, наставник по германски јазик.

Гете институт е културна институција на Сојузна Република Германија, која има за цел да го афирмира учењето на германскиот јазик низ светот, да ја унапреди наставата по германски јазик и стручната компетенција на наставниците по германски јазик.

ОУ „Григор Прличев“ е едно од трите партнер училишта вклучено во проектот „PASCH – Училишта партнери на иднината“. „PASCH“ претставува мрежа од повеќе од 2000 училишта ширум светот, која преку атрактивни образовни програми придонесува за постојано усовршување на учениците и наставниот кадар, размена на идеи, мислења и меѓусебна соработка.

Гете институтот пружа постојана поддрѓка на ОУ „Григор Прличев“, која се однесува на опремување на кабинетите по германски јазик со техничка опрема и наставни материјали, организација на обуки за наставниците, доделување на степендии како за наставниците така и за учениците.

OhridNews