Врз основа на Одлуката на Владата, за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Општина Охрид, Универзитетот “Свети Апостол Павле“, денес донира триесет и шест компјутери за училиштата во Охрид.
Компјутерите ќе бидат подеднакво распределени во ОУ “Григор Прличев“ и во средните училишта, “Свети Климент Охридски“, “Свети Наум Охридски“ и средното економско училиште “Свети Кирил и Методиј“. – информира локалната самоуправа.
OhridNews