ИПА Регион Охрид доби донација од ИПА партнерот, кафе барот „Грифон“ од Струга, од 1000 високо квалитетни и повеќе наменски заштитни маски.
Грифон“ најпрактично ја покажа грижата за здравјето на полициските службеници. Деновиве, заштитните маски ќе бидат дистрибуирани до полициските службеници во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во овие тешки денови на пандемија, кога смртоносниот вирус коси низ Македонија и светот, овој хуман и солидарен гест на „Грифон“ е вреден за почит. – вели Стефан Димовски, претседател на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид и портпарол на СВР Охрид.
Донацијата од 1000 заштитни маски, значително ќе придонесе за зголемување на безбедноста на полициските службеници.
OhridNews