Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, денеска на Општинскиот Црвен крст му врачи одредена количина на заштитни маски за повеќекратна употреба.

Заштитните маски кои се наменети за пензионери во Општината Охрид, ќе им бидат доставени преку волонтерите на Црвен крст Охрид, а приоритет ќе бидат повозрасните лица  кои тешко можат да обезбедат заштитни средства во руралните средини. – информираат од Здружението на пензионери.

Здружението донира заштитни маски и на пензионерите кои секојдневно доаѓаат во организацијата. Инаку Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца пред околу еден месец исто така преку волонтерите на Црвен крст, на 100-тина пензионери им достави пакети со хигиенски средства за заштита од пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Црвен крст Охрид и ЗП Охрид и Дебрца најавуваат дека успешната соработка ќе продолжи и во наредниот период.

OhridNews