Познатиот охридски трговски ланец маркети „ДОН“ целосно ја промени сопственичката структура и во иднина ќе работи под името „ДОН – Примус“.

Продажните места на трговскиот ланец ги презеде нова компанија, која денеска го промовираше вториот „ДОН – Примус“ маркет кој се наоѓа на улицата „Јане Сандански“. Под ова лого од неодамна работи и маркетот на улицата „Гоце Делчев“ кај вториот чинар.

Новите сопственици најавија поинаков и модерен пристап во работењето, кој како што информираат, ќе се заснова врз потребите на купувачите.

Продажните места се целосно снабдени со производи за широка потрошувачка од најреномирани производители, а наскоро понудата ќе биде збогатена со нови брендови и промотивни акции. Едноставно „ДОН – Примус“ ќе бидат маркети каде што граѓаните ќе уживаат во купувањето, велат новите сопственици.

Наскоро трговскиот ланец „ДОН – Примус“ ќе биде проширен со уште еден маркет на булеварот „Туристичка“.

OhridNews