Домот за култура во Велестово
Објектот ќе се користи не само за Поетската ноќ, туку ќе биде и катче за поетските и ликовните уметници кои тука ќе ја имаат комплетната инспирација за своето творештво, иззјави градоначалникот Алексанадар Петрески. Како што рече тој, се прават напори и наставата на основците во природа наместо на Пелистер да се одржува во Велестово. За таа цел се изградени 10-тина современи апартмани каде што ќе можат да престојуваат учениците, кујна, просторија за парното греење, а во план е до Домот да се изгради и дрвена куќарка. „Сметаме дека Велестово прераснува во престижно место за живеење и затоа ќе настојуваме да го развиеме во алтернативно место за туризам” кажа градоначалникот и додаде дека денеска и утре се асфалтира пристапниот пат од подножјето на планината Петрино до Домот во Велестово. Според него, дел од активностите за претворање на селото во туристичка дестинација ќе се реализираат годинава, а еден дел ќе бидат ставени во програмата на Локалната самоуправа за наредната година.