Градежени работници забрзано работат на преадаптација на внатрешноста на Домот на АРМ во Охрид каде привремено ќе биде сместен новиот универзитет за информатички технологии.


Поради градежните работи управата на универзитетот моментно е сместена во студенсткиот дом „Никола Карев“ каде се вршеше и уписот на студенти.


Првата година на новиот универзитет ќе бидат запишани 125 студенти кои ќе може да бираат помеѓу двегодишна стручна наобразба, тригодишно студирање за инженерско звање, или четиригодишно студирање кое ќе им донесе звање дипломиран универзитетски инженер.


Домот на АРМ се преуредува во универзитетски центар

Универзитетот за информатички технологии ќе биде сместен во Домот на АРМ до изградбата на универзитетскиот кампус во охридската касарна која Владата неодамна и ја отстапи на локланта самоуправа.

Ohridnews