Министерот за одбрана на Репубика Македонија, Зоран Коњаноски денеска во Охрид одблиску се информира  до каде е примопредавањето на Домот на АРМ на минисерството за образование, каде што се очекува да биде отворен новиот универзитет по информатички технологии чие седиште ќе биде во Охрид.

„ Охрид е нашата културна духовна и образовна  колевка и затоа ќе го збогатиме со уште еден универзитет. Во текот на минатата седмица беше формирана и комисија во министерството за одбрана  за примопредавање на објектот. Денеска дојдов да видам до каде е постапката, и дали треба и јас лично да се заложам“ изјави  министерот Коњаноски и додаде дека засега постапката се одвива во најдобар ред.

Пред неколку седмици, владата донесе одлука, министерството за одбрана да го отстапи Домот на армијата во Охрид на министерството за образование за потребите на новиот универзитет.

Ohridnews