Кошаркарската репрезентација на Доминикнаската република е противникот на Македонија во четвртфиналето од предолимпискиот турнир во Каракас.
Македонија како првопласирана ги заврши мечевите во групата, па така за опонент ја доби Доминикана која заврши како второпласирана во Ц групата.
Македонија мечевите ги започна со изненадувачки пораз од Ангола 84-88, а потоа убедливо со 82-64 го совлада Нов Зеланд. Благодарение на триумфот на Нов Зеланд од 68-64 над Ангола завршивме како првопласирани.
Доминикана во првото коло ја совлада Кореа со 95 – 85, а во второто коло претрпе пораз од Русија со 84-69.
Русија во четвртфиналето за противник ќе ја има селекцијата на Ангола. Четвртфиналните мечеви се играат во петок. Термините ќе бидат дополнително одредени.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com