Пензионерите од Охрид и Дебрца шести пат по ред триумфираа на републичките игри кои годинава на 3 септември се одржаа во Радовиш и во своите витрини го додадоа трајниот пехар кој се доделува за три победи во серија.


На републичкиот натпревар со кој се одбележа јубилејот 70 години од оформувањето на Сојузот за пензионери во Македонија учествуваа 500 пензионери од вкупно 20 здруженија.

Здружението (ЗП) од Охрид и Дебрца на игрите настапи со 16 спортисти, а првото место го освои со 96 поени. На втората позиција со 88 бодови заврши екипата од Прилеп, а на третата се пласираше Тетово со 82 бодови.

– Сакаме да изразиме голема благодарност до Општината Охрид која ни пружа поддршка секогаш кога ние потребна. Голем гест со своето доаѓање направи заменик градоначалникот Ангел Јанев кој ни даде дополнителна мотивација пред почетокот на игрите. Ние на најдобар можен начин возвративме освојувајќи го првото место шест пат пати по ред, инаку седми пат вкупно. До сега никоја екипа во досегашните 21 изданија на игрите на државно ниво не успеала да направи ваков резултат. – изјави претседатело на ЗП, Охрид и Дебрца, Ѓорги Трпчески.


Меѓу освојувачите на златен медал беше Благица Маркулеска која беше најбрза во дисциплината 60 метри. Со златен медал се закитија уште Блаже Србиноски – Цапе и женската екипа во стрелаштво. Голем придонес за првото место во генералниот пласман дадоа уште Миралем Билаловиќ, Верица Пулеска и Јонка Јоноска.

– Златниот медал од оваа година ќе го паметам најмногу бидејќи придонесов за екипата да го освои по втор пат пехарот кој останува во трајна сопственост. Конкуренцијата беше голема, желбата во нас уште поголема и сите сме среќни што успеавме во нашата цел да победиме и да го освои првото место. Во име на сите натпреварувачи сакам да му се заблагодарам на нашиот тренер Миле Христовски кој месец дена напорно со секој посебно тренираше за да стигнеме до овој успех. – изјави Маркулеска која од 2005 наваму седум пати има победено во својата дисциплина.


ЗП од Охрид и Дебрца е едно најорганизиратите здруженија во Македонија со свој лекарски тим кој се грижи за здравјето на натпреварувачи кои доминираат во земјата.

Мх.П.