Фудбалската школа „Фер Плеј“ од Охрид и Караорман од Струга ги освоија златните медали во завршницата од Детската фудбалска лига во помладите категории.
„Фер Плеј“ триумфираше во 2004 година против Фљамуртари на пенали (3-2) откако регуларниот дел заврши 2-2, а во 2005 година забележа чиста победа 3-0 над Еврофудбал.
Стружани во финалето во најмладата генерација 2006 година со 3-1 го совладаа тимот на Академија Пандев 10 и го освоија најсветлото одличје.
Финалните натпревари во останатите генерации се на програмата во вторник, среда и четврток на теренот со вештачка трева.
Мх.П.