Во организација на Велосипедската Федерација на Македонија се одржа манифестацијата Најдобар Велосипедист 2014, при што беа доделени трофеите, пехарите, признанија и дипломи на велосипедистите според севкупниот успех за изминатата сезона и рангирањето според дисциплини и категории.


Одличната подготвеност на велосипедистите од Екодром изминатата сезона, уште еднаш само се потврди со високо постигнатите резултати и освоени севкупно 8 одличја:

Планински Велосипедизам:

Екодром – златен Трофеј за освоено екипно прво место според ранг листата, трофеј со кој се гордееме редоследно трета година – Шампион во Планински велосипедизам,

Јован Јованоски – категорија Јуниори, златен Шампионски Пехар за освоено прво место, редоследно четврта година

Петар Упевчески – категорија Јуниори, сребро и освоено второ место според ранг листа, Вицешампион редоследно втора година,

Новица Велјаноски – категорија Кадети, златен Шампионски Пехар за освоено прво место, редоследно втора година.


Друмски Велосипедизам:

Екодром – бронза за освоено екипно трето место според ранг листата,

Новица Велјаноски – категорија Кадети, сребро за освоено второ место – Вицешампион  

Јоков Јованоски – категорија млади Кадети У15, бронза и освоено трето место.

Вело Крос:

Јован Јованоски – категорија Јуниори, бронза за освоено трето место

Од „Екодром“ упатија благодарност до сите спонзори, помагатели, донатори и симпатизери кои несебично го помагаат клубот.

Ohridnews