Атлетичарката од Јамајка, Шели Фрејзер Прајс триумфираше на 100 метри во женска конкуренција. 32-годишната атлетичарка не им остави простор за надеж на ривалките бидејќи од почетокот до крајот ја предводеше трката.
Фрејзер Прајс, делницата ја помина за 10,71 секунди и зад себе ги остави Ашер Смит 10,83 од Велика Британија и Та Лу од Брегот на Слоновата Коска, додека нејзината најголема ривалка, сонародничката Томсон тотално потфрли и заврши како четврта.
Shelly-Ann Fraser-Pryce goes 10.71 seconds, fastest in the world this year, two years after childbirth, for her sixth combined Olympic or world 100m title. Greatest female sprinter in history? pic.twitter.com/p3jHyN11S1
— Nick Zaccardi (@nzaccardi) September 29, 2019
Бранителката на тронот на 100 метри, Американката Тори Боуви не беше дел од оваа трка, откако се откажа уште во полуфиналето.
OhridNews