Доминантен настап на охридските гимназијалци на Првата национална Олимпијада за Вселената која се одржа во Касарна Хаб.

На олимпијадата доминантно учество имаа учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и ги освоија речиси сите награди во конкуренција на средните училишта од југозападниот регион, велат од охридската гимназија.

Прва награда: Нина Стевоска и Горазд Блажески со темата „Супернова“.

Втора награда: Нина Нелоска и Сара Ристеска со изработен стрип во предизвикот „Патување од Земјата до Марс“ – ментор проф. Менка Г ореска.

Втора награда: Јована Димоска, Јана Петанова и Теодора Трајческа со темата: „Истражување за BallonSat“– ментор проф. Јасмина Јанева.

Трета награда: Митко Савев и Софија Милеска со темата „Човекот не е единствениот виновник за климатските промени“– ментор проф. Јасмина Јанева.

Трета награда: Кристијан Шишкоски, Ева Китрозоска и Маја Наумоска со темата „Ахил и границите на Универзумот“ – ментори проф. Јасмина Јанева и проф. Марија Сиљаноска.

Специјална награда INTERSTELLAR STEAM GIRLS TEAM: Јована Симоноска и Ивана Скоклеска со изработен стрип во предизвикот „Патување од Земјата до Марс“ – ментор проф. Марија Сиљаноска.

Со извонредни настапи пред комисијата се претставија и тимовите: Стефани Крстиќ и Леа Дојчиноски, Мелани Котоска, Марија А. Николоска и Николина Бутеска и Ѕвездан Јончевски, Катерина Балева и Петар Јончески под менторство на професор Дарко Цветкоски кој, за време на презентациите, беше и техничка поддршка на сите тимови, додаваат од охридската гимназија.

OhridNews