Викендов што помина на 26-27.10 2024 во Дуборник, Хрватска се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, каде учествуваа околу 500 натпреварувачи од осум земји. На овај натпревар М.Т.Т.Ф предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски и асистент тренерот Божидар Димитиревиќ беше претставувана од тројца натпреварувачи од клубовите ТК “СОНКАЛ” Мислешево, Струга, ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид и ТК “МАСТЕР” Охрид.

Давид Крстески од ТК “СОНКАЛ” Мислешево, Струга, се закити со пехар за најдобар јуниор 16-17 години, осовојувајќи 1 место во спаринг –борби за младинци У -18, 16-17 години,-63 кг. и 1 место во категроија форми младинци У -18 , 16-17 години, црн појас 1 дан.

Михаил Јоноски од ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид освои 2 место во спаринг –борби младинци У -18, 16-17 години,-75 кг. и  2 место во категорија форми младинци У -18 , 16-17години, 4-3 куп.

Владимир Димитиревиќ од ТК “МАСТЕР” Охрид освои 3 место во спаринг –борби младинци У -18, 16-17години, -75 кг.

Иако преморени од претходниот викенд, нашите избраници дадоа се од себе и не израдуваа со добри резултати. Давид Крстески беше незапирлив во својата категорија и во форми и во борби со што беше награден за најдобар јуниор 16-17 години, додека Михаил Јоноски и Владимир Димитириевиќ кои натпреваруваа во иста категорија во борби, на патот до златото беа немоќни против судиските одлуки. После само една недела после силниот натпревар во Нови Сад на “СРБИЈА ОПЕН 2024”, видно преморени и исцрпени и покрај училишните обврски, се гордееме што имаме вакви натпреварувачи кои го даваат својот максимум да ја претстават во најдобро светло Македонија, вели претседателот на М.Т.Т.Ф, Марјанчо Лазаревски.

Воедно изразува најголема благодарност до нивниот Генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој, вели е најзаслужен за сите наши успеси, како и до Министерството за спорт и Општината Охрид кои ги вреднуваат и ценат нивните успеси.

OhridNews