Реал Мадрид продолжи да царува во светскиот фудбал. „Кралевите“ во финалето на Светското клупско првенство го совладаа Ал Аин со 4-1 и ја одбранија титулата освоена минатата сезона.
Фудбалерите на Реал Мадрид триумфот и новата титула ја најавија во првите 15-тина минута од натпреварот. Најдобриот светски играч Лука Модриќ го отвори резултатот. Во 60-та минута Маркос Лоренте зголеми на 2-0, а за 3-0 погоди Серхио Рамос. Резултатот на 3-1 го намали Цукаша Шиотани, а конечните 4-1 ги постави Јахиа Надер кој постигна погодок во сопствената мрежа.
За најдобар фудбалер на Светското клупско првенство одбран беше Герет Бејл, кој постигна три погодоци во полуфиналната победа на Реал Мадрид.
OhridNews