Со одигрувањето на мечевите од 14-та рунда се комплетираше првата етапа во ракометната Супер лига.

Првата фаза од македонска ракометна елита помина во знакот на Еурофарм Работник. „Фармацевтите“ без поголеми проблеми стигнаа до 13 победи во 14 натпревари и сосема заслужено финишираа на првата позиција.

Охридските ракометари есенската полусезона ја завршија на второто место. „Гладијаторите“ имаа солидна полусезона, ако се знае дека голема неизвесност преовладуваше во летниот период што и како ќе биде со клубот.

Третата позиција на табелата му припадна на Пелистер, четврти заврши Пролет, а Бутел ги заокружува петте екипи во Супер лигата. Од шестото место надолу финишираа Струга, Радовиш, Прилеп, Вардар Јуниор и Борец.

Во Супер лигата следува пауза од речиси три месеци и возбудувањата ќе почнат во последниот викенд од февруари или првиот од март месец следната година.

Резултати: Охрид – Радовиш 41-32, Пролет – Борец 42-26, Пелистер – Вардар Јуниор 41-27, Еурофарм Работник – Бутел 28-22, Прилеп – Струга 19-29

Табела: Еурофарм Работник 40, Охрид 30, Пелистер 29, Пролет 28, Бутел 27, Струга 22, Радовиш 12, Прилеп 10, Вардар Јуниор 9, Борец 0.

OhridNews