Некои навики тешко се менуваат. Особено тоа важи за сопствениците на миленичиња кои и натаму не ги почитуваат законските (безбедносните) прописи. Па така на улица најчесто домашните кучиња ќе ги сретнете без заштитна маска и одврзани, а ништо подобра не е состојбата ниту на плажите. Миленичињата се бањаат во езерото заедно со децата и рекреативците, а своите физиолошки потреби ги задоволуваат во парковите каде потоа играат најмладите или седат постарите. Според упатените на тој начин може да се пренесат бројни инфекции, преку крлежи и слично, како што тоа неодамна беше случај во Хрватска кога неколкумина граѓани завршија во болница со тешки здравствени проблеми.


Домашните миленици се шетаат без маски и се бањаат во езеро

OhridNews
фото: Васко Бујароски