Голем број мачки и кучиња, без разлика дали станува збор за домашни миленици или скитници, години наназад во близина на Комерцијалната банка завршуваат отруени.
Очигледно е дека на некој кој живее или работи во близина му пречат, па затоа одлучил користејќи отров да го “ исчисти” овој дел од градот од овие животни.
– Пред една година беше отруено нашето куче, следна жртва беше мачката на нашите соседи и уште многу други. Апелираме до надлежните, да превземат мерки и ова да се спречи затоа што трае со години, велат жители од овој дел од градот.
Неодамна беше забележано труење и на голем број кучиња и во останатите делови од Охрид.