Домашните миленичиња (кучиња) сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, ќе можат да ги изнесуваат надвор во вечерните часови почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат.
Како што информираат од МВР, овој период е во рамки на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на целата држава.
Рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците. Од денеска се затвораат и фитнес салите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.
OhridNews