Втората седница на општинскиот совет по само еден час заседавање ја прекина работата, без да биде избран претседател. По двете паузи и дополнение на дневниот ред со точка за избор на членови на комисиите на советот, по барање на советникот Томислав Тунтев седницата е прекината, а нејзиното продолжение дополнително ќе биде утврдено, информира општинската прес служба.

За време на кусата но бурна расправија, која неколку пати беше прекинувана со паузи, советниците не можеа да ги усогласат ставовите околу дневниот ред кој беше побарано да се прошири со точката за избор на членови на комисии.

Непосредно пред седницата и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ тврдеа дека имаат мнозинството и дека нивни кандидат ќе биде претседател на Советот, но до конечен договор очигледно не дошло, по што седницата на барање на СДСМ беше прекината.

Ohridnews