Селекцијата за фудбалери под 19 години кон крајот на месецов ќе одигра среби со екипи од домашнииот шампионат. На двете тест средби селекторот Бочески ќе им даде шанса на фудбалери што настапуваат во домашното првенство.


Ќе повикаме триесетина фудбалери што настапуваат во домашното првенство и се на возраст до 19 години. По овие натпревари ќе се искристализираат имињата на играчите на кои и дефинитивно ќе можеме да сметаме за квалификацискиот турнир во Турција – изјави Бочески.

Првиот собир младите фудбалери го имаа во јануари кога одиграа и два натпревара против соодветната селекција на Грција,  при што нашите надежи претрпеа два порази од 2-1 и 3-0.


Во март надежите ќе им спарингуваат на Романија, додека генералната проба пред квалификацискиот турнир во Турција, треба да биде дво мечот со Белорусија во април.

М.П.