Повеќе од десет екипи од Македонија и соседните земји Албанија и Србија го одбраа Охрид за подготовки за продолжението од сезоната во националните шампионати.
Од нашиот северен сосед во Охрид ќе се подготвуваат Спартак Суботица, Јавор Ивањица, Радник Сурдулица и Борац од Чачак, а се очекува уште некоја екипа да го потврди присуството.
Од македонските прволигаши целосни подготовки во Охрид ќе одработат Металург, Ренова и Силекс додека само мечеви ќе играат Пелистер и Тетекс.
И второлигашите Младост Царев Двор, Македонија Ѓорче Петров, Гостивар, Влазрими и Дрита ќе бидат активни во Охрид исто така со контролни натпревари.
Се уште се чека официјална потврда за тимови кои доаѓаат од нашиот западен сосед кои се чести гости во градот под Самоиловите тврдини.
Мх.П.