Во рамки на неделата на чествувањето на Св. Климент Охридски, денес пред споменикот на патронот на градскиот плоштад беше положено свежо цвеќе од страна на делегации од градот и гостите на Локалната самоуправа кои деновиве, по повод празникот ,престојуваат во Охрид .



Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа, Советот на општина Охрид, градоначалникот на збратимениот турски град Јалова, гости од Србија, Босна и Херцеговина, како и претставници од основните и средни училишта од градот, се поклонаа и му оддадоа почит на Св. Климент Охридски.

Ohridnews