Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс, кои се македонски претставници во Конференциската лига на УЕФА, денеска, ќе ги одиграат реванш натпреварите во првата рунда.
Реванш натпреварите кога се однесува за македонските екипи ги отвора Струга Трим Лум која во 17 часот на терените од Фудбалската федерација на Македонија ќе се сретне со литванска Лиепаја. Првиот меч заврши 1-1, а стружани било каква победа ги води во следната фаза.
Екипата на Силекс, пак, на гостински терен кај клубот од Молдавија, Петрокуб ќе брка пласман во следната рунда. Првиот меч заврши 1-1, а кратовчани не патуваат со бело знаме.
Фудбалерите на Шкупи се имаат во свои раце во дуелот со косовски Лапи. „Сино белите“ од Чаир победија (2-0) во првиот меч, а на теренот од противникот одат да ја задржат предноста и да го заверат билетот за следната рунда.
За потсетување, правилото „гол во гости“ не важи. Ако дуелите на Струга Трим Лум и Силекс завршат нерешено се играат продолженија, а потоа и пенали ако се потребни. Истото важи и за Шкупи, кој не смее да претрпе пораз повеќе од два голови разлика.
OhridNews