Јајцата, бананите, медот и пивото се одлични за здравјето на вашата коса, а еве зошто.
Јајцата се добри за раст на косата бидејќи ги содржат речиси сите аминокиселини и лецитин. Ја штитат косата од оштетувања и спречуваат настанување на првут.
Бананите се корисни за косата бидејќи содржат витамини и природни масла. И даваат на косата еластичност, сјај и мекост. Одлично помагаат во борбата против испуканите врвови.
Медот за раст на косата е исклучително корисен, бидејќи има голема количина хранливи материи и витамини E, K, Ц, Б1, Б2 и Б6. Тоа е токму она што е важно за растот на косата, нејзината убавина и здравиот изглед. И дава на косата сјај и мекост. Помага кај опаѓањето на косата, ослободување на првутот и ја тонизира кожата на главата.
Пивото за растење на косата е исто така многу важно. Тоа содржи слад, хмељ и квасец и витамини од групата Б во големи количини, микроелементи како железо, калиум, магнезиум, фосфор, бакар, кои се одлични за зајакнување и раст на косата. А витаминот Ц има корисен ефект за вашиот скалп.
Маска за растење на косата
Состојки: 1 банана, 1 јајце (или само жолчка), 1 лажица мед, 1/2 шолја темно пиво.
Сите состојки се ставаат во блендер и се прави маска. Нанесете ја на косата, завиткајте ја и почекајте 1-2 часа. Потоа, измијте ја косата на вообичаениот начин. Се препорачува оваа маска за раст да ја применувате еднаш неделно.
извор:zenstvena.com