Сопственичка на бела мачка, Сан Шјун (81) од Кина, вели дека стаорец живее со нејзината миленичка од кога ги омачила мачињата пред 4 недели.
– Сосетката дојде да ги види мачињата првиот ден и беше изненадена кога виде стаорец како цица заедно со нив.-раскажува Сан. Сосетката не можеше да им верува на своите очи. Мислеше дека и се причинува.
– Во почетокот мислев дека лошо гледам. Бидејќи светлината беше слаба, отидов по батерија и се уверив дека очите не ме лажат – вели сосетката која прва го воочила натрапникот.
Стаорецот не само што пие мачкино млеко, туку си игра и со мачињата браќа и сестри. Мачката упорно го третира стаорецот еднакво со своите сопствени мачиња. До сега е полноправен член на мачјото семејство. Сан претпоставува дека мајчинските инстикти ги преовладале ловечките. Во нормална ситуација стаорецот би и бил лесен плен.