Францускиот тим Монпелје славеше во Скопје над Металург во натпреварот од 6то коло од Ц групата во Лигата на Шампионите 24:30 (10:14).
Без неколкумина стандардни играчи кои не настапија поради повреди Металург немаше сили да му се спротистави на Монпелје сезонава втор пат славеше над македонскиот претставник во Лигата на шампиони. Дополнително своја вечер немаа домашните голмани, Арсиќ успеа да запре само пет удари, додека противничките голмани искомбинираа 14 одбрани.
Најефикасен на мечот беа Обрадовиќ (Металург) и Гребиј (Монпелје) со по 10 погодоци.
“И честитам на мојата екипа за големата победа. Честитки и за екипата на Металург, која ни создаде многу проблеми на овој дуел. Секогаш е тешко да се игра по репрезентативната ЕХФ-недела. Навистина сме среќни што победивме во Скопје“. – изјави по мешот стратегот на Монпелје Патрис Канаје.
„Одигравме добар натпревар и во првиот дел ја контролиравме играта, но не издржавме. Се гледа дека ни недостасува искуство за ваквите мечеви и на моменти ни падна концентрацијата. Нè понесоа емоциите, а не разумот. Од овие натпревари можеме да извлечеме само многу поуки“, рече по средбата тренерот на Металург Лино Червар.
OhridNews