Составот на Фени Индустри е противник на охридските кошаркари во четвртфиналето од Лимак Купот на Македонија кој ќе се одржи следниот викенд во спортската сала „Јасмин“.


Кошаркарскиот клуб АВ Охрид дебитант е меѓу учесниците во завршницата од Купот на Македонија, додека Фени Индустри ќе биде како домаќин, бидејќи годинешниот организитарот на некогаш најмасавното клупско натпреварување Лимак одлучи да се игра во Кавадарци од 17 до 19 февруари.

Сезонава во Првата лига, кавадарчани два пати славеа против „галебите“, но натпреварите во Купот знаат да донесат големи изненадувања.


Во останатите четвртфинални двојки ќе се сретнат Работнички – Куманово, МЗТ Скопје – Кожув односно Карпош Соколи – Вардар.

Двојки:

Фени Индустри – АВ Охрид / МЗТ Скопје – Кожув

Работнички – Куманово / Карпош Соколи – Вардар.

OhridNews