Италијанска домаќинка завршила во болница откако била нападната од кокошката која се спремала да ја убие и да ја зготви за ручек. Лучија Писани (35) го зела ножот и сакала да ја отсече главата на кокошката, но птицата се вознемирила и ја нападнала. Шокирајќи се, Лучија инстиктивно скокнала. Но, паднала во котелот со врела вода во кој требало да се готви кокошката. Се здобила со тешки опекотини по нозете.


-Осветата на кокошката кратко траела бидејќи сопругот сепак ја убил и ја испекол истата вечер, изјавил полицискиот портпарол.