Екипите домаќини во третата рунда од Супер лигата ги собраа бодовите победувајќи во четирите натпревари кои беа на програмата.
Вардар Јуниор во крајно неизвесен натпревар го доби Пелистер со минимални 24-23, Работнички и Пролет славеа над Радовиш 33-26 односно Борец 22-17, а најубедлив беше Прилеп кој триумфираше со 33-21 против Металург 2.
Натпреварот меѓу Охрид и Металург беше одложен поради обврските на „металурзите“ во Лигата на Шампиони.
Резултати : Прилеп – Металург 2 33-21, Вардар Јуниор – Пелистер 24-23, Работнички – Радовиш 33-26, Тинекс Пролет – Борец 22-17, Охрид – Металург одложена.
Табела : Металург 6 (-1), Прилеп 6, Борец 6, Работнички 6, Т. Пролет 6, Пелистер 3, Охрид 3 (-1), Радовиш 3, Вардар Ј. 3, Металург 2.
Двојки (4.коло) : Пелистер – Работнички, Борец – Вардар, Прилеп – Т. Пролет, Радовиш – Охрид, Металург 2 – Металург.
Мх.П.