Домаќините имаа перфектен почеток на втората полусезона во Општинската фудбалска лига победувајќи на четирите натпревари од осмата рунда.
Највисока победа забележа тимот на Лакочереј кој со 7-2 славеше во дербито со Вулкан. Екипата на Св. Петар со 4-2 го совлада Рудар, додека Славеј и Дебрца со идентични 3-0 беа подобри од Лешани односно Вапила.
Резултати: Св. Петар – Рудар 4-2, Лакочереј – Вулкан 7-2, Славеј – Лешани 3-0, Дебрца – Вапила 3-0.
Табела: Славеј 21, Дебрца 21, Рудар 12, Лакочереј 11, Вулкан 10, Св. Петар 9, Вапила 4, Лешани 3.
OhridNews