По претходно оперативно сознаније, криминалистичката полиција од Полициската станица Охрид, при претрес пронајде вкупно 57 садници од растението Канабис сатива како и 600 семки од истото растение.


Инспекторите од Оделението за недозволена трговија со дрога, по преходно добиена наредба од истражен Судија, извршија претрес во домот на лицето И.М.(39) од Охрид. Притоа, во една од собите пронајдени се 57 садници Канабис засадени во пластични чаши како и три поголеми пластични саксии со повеќе садници на терасата. При претресот, пронајдени се дополнителен помал број на семки во пластична амбалажа но и други завиткани во целофан, гранчиња од растението Канабис и отпушок од рачно изработен џоинт.

Предметите се одземени и предадени на вештачење, по што против лицето И.М. ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.