Во акција на полицијата во кичевското село Зајас, синоќа, од слобода лишено е 50-годишно лице од селото Грешница, кичевско.

При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал, соопшти СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Г.М.