ДОМ е против уставната можност на Претседателот на државата да дава аболиција, бидејќи во светот аболицијата многу ретко се користи и во многу ретки и исклучителни случаи, а овој случај не е таков,изјави на прес конференција портпаролот на ДОМ Тони Ристов.

ДОМ смета дека со ваква злоупотреба на аболицијата од страна на Претседателот се руши правниот поредок на државата, бидејќи се оневозможува некое обвинение, дури и да е паушално, да се докаже или да се демантира низ судскииот систем, а во овој случај станува збор за кримиинална малверзација, а не политички бенефит.

Со оглед на тоа дека воопшто не е почитувана вообичаената постапка за давање аболиција, ДОМ оценува дека се работи за преседан со кој Претседателот на РМ ја продлабочува наводната политичка криза во државата, рече Ристов.СДСМ со ова докажа дека врши притисок во континуитет врз судот на еден апсолутно непримерен начин, додека претседателот, кој е инспиратор на се што прави СДСМ, аболицира. Со ова на два начина се врши удар врз правната држава, додаде Ристов.

ДОМ прашува: Значи ли ова дека Претседателот може да ослободи секој криминалец од лични или тесно-партиски интереси и без никакво образложение?

ДОМ смета дека со злоупотребата на институтот аболиција, претседателот Бранко Црвенковски му прави лоша услуга на Зоран Заев кој никогаш нема да може да се исчисти од сомнеж за сторен тежок криминал, истакна портпаролот на ДОМ, Ристов.

Ohridnews