Едно шише од познатото пенливо вино Дом Перињон било продадено во лондонскиот хотел Вестбјури за неверојатно 40 илјади евра. Гостинот, очигледно задоволен од услугата, оставил напојница од десетина илјади евра.
Се претпоставува дека купувачот е еден руски милијардер, а продаденото вино, од бербата 1996 година Роуз Голд, го соборило рекордот за најскапо продадено вино во ресторан. Во хотелот не сакале да го кажат идентитетот на купувачот. Дом Перињон Роуз Голд се смета за најдобро од најдобрите меѓу пенливите вина.