Поради  излевање на отпадните води од Колекторот голем број ниви кај Авто кампот “Андон Дуков” се поплавени, реагираат од охридската општинска организација на Демократска обнова на Македонија. Тие бараат од менаџерскиот тим на МЈП “Проаква”, под итно да го спречи  ова загадување,  кое се јавува како резултат на неправилно работење на колекторкиот ситем. Доколку не се превземат потребните мерки за надминување на овој проблем,  тие ќе ги повикаат сопствениците на поплавените ниви да ја тужат “Проаква”, за нанесена штета.


Исто така ДОМ најостро ги осудува сите активности на несовесните граѓани, кои доведоа до загадување на Охридското Езеро со нафта, кое што се случи пред неколку дена. Воедно ги охрабрува инспекциските органи да ги пронајдат виновниците и соодветно да ги  казнат.

OhridNews