Според Лилјана Попоска, претседател на ДОМ, таквиот фестивал всушност ќе претставува историски спектакл кој ќе привлече многу гости во Охрид. Таа најави дека идејата ќе добие подршка од владата и бизнис секторот и дека ќе се реализира.
Попоска смета дека за развој на туризмот во Охрид се потребни големи инвестиции, подобрување на инфраструктурата, но и промена на свеста и дообразование на работната сила. Лидерката на ДОМ се пофали дека владата во изминатите 18 месеци издвоила 6 пати повеќе средтства за развој и промоција на туризмот, но истовремено изрази и жалење што тие не биле соодветно искористени поради како што рече лошата организираност во Министерството за економија.