На регатата учествуваа пет екипажи: ПАЈНИК, ГАЛИЈА, КСК НАУТИКА, ВИНТУ и МИЛКА .
Условите за одржување на регатата беа идеални. Ветрот дуваше со брзина од околу 10 м/с, со што просечната брзина на едрилиците беше околу 8-9 км/ч.
Трката успешно ја завршија три екипажи. Првопласиран беше екипажот на МИЛКА (Ошавко/Јованоски/Заричин А/ Заричин В.) Втори на целта пристигнаа Адреески/Гучески/Лазороски со ВИНТУ, додека третото место и припадна на екипата на КСК НАУТИКА (Бујароска/Ставрев/Мојсоски/Саздов).