Луѓето чиј среден прст е подолг од кажипрстот се поспособни да заработат повеќе пари, се пофлексибилни и полесно се прилагодуваат на промените на пазарот. Ова е резултат на едно истражување кое го пренесува ББС.

Научниците од универзитетот во Кембриџ објавиле во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS)“ студија која траела 20 месеци, која опфатила 44 берзански работници од Лондон.


Оние кои имале подолги средни прсти од кажи прстите, во истиот период заработиле 11 пати повеќе пари отколку оние со пократки прсти, а биле во состојба да склучуваат договори за само неколку минути, тврдат научниците.

Водач на истражувањето бил Џон Коатес, кој со својата екипа исто така открил дека луѓето со повеќе тестостерони во телото постигнуваат подобри резултати во областа на финансиите.