Долната облека на кралицата Викторија од 19 век била продадена на една аукција за околу 600 евра. Наводно за облеката постоел интерес низ целиот свет. Облеката е од подоцниот приод на нејзиниот живот, додека повеќе преферирала комфорт отколку мода. На облеката се извезени нејзините иницијали и круната.
Облеката била со обем од 142 сантиметри, што и не е чудно бидејќи таа родила девет деца. Како девојка имала струк од 51 сантиметар. Најголемата понуда на аукцијата ја дала Британската колекција на кралевска церемонијална облека чие седиште се наоѓа во замокот Кесингтон.